Нова студија потврдува врска помеѓу масните наслаги на стомакот во четириесеттите и педесеттите години од животот и Алцхајмеровата болест.
Научниците посочуваат дека за појавата на болеста не се виновни сите масни наслаги, туку оние што се таложат во абдоменот кој ги опкружува стомачните органи и се различни од поткожните масни наслаги. Истражувачите откриле дека масните наслаги во стомакот предизвикуваат воспаление кое може да влијае врз мозокот и подоцна да резултира во Алцхајмерова болест.
- Веќе извесно време знаеме дека со зголемувањето на волуменот на абдоменот, мемориските центри во мозокот стануваат помали - изјави Ричард Исаксон, невролог од Институтот за невродегенеративни болести во Флорида кој ја проучува Алцхајмеровата болест, но не бил вклучен во студијата.
Истражувачите ги донеле заклучоците врз основа на анализа на испитаници на возраст од 40 до 60 години. Лицата со повеќе масни наслаги во абдоменот имале повисоко ниво на протеин кој се поврзува со развојот на Алцхајмеровата болест во делот од мозокот каде што болеста се манифестира.
Се чини дека тие масни наслаги предизвикуваат и воспаление на мозокот, што исто така го поттикнува развојот на болеста. Сето ова почесто се забележува кај машката популација, додаваат научниците.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay