X
 01.02.2021 Живот

Медицинска сестра ја доби можноста да гледа филмови цела недела на зафрлен шведски остров

Медицинска сестра од оддел за итни случаи исплови кон зафрлениот остров во близина на бреговите на Шведска за да помине една недела гледајќи филмови во некогашен светилник.

Лиза Енрот ја доби невообичаената награда откако се пријави на натпреварот на Филмскиот фестивал во Гетеборг.

Имало вкупно 12.000 пријави, но Лиза била избрана да мине една недела во светилникот „Патер Ностер“, кој сега е хотел.

Таа истакна дека откако поминала месеци справувајќи се со последиците на Ковид-19, со нетрпение ја очекува мирната недела.

- Ова е одлична можност за мене, за да се обидам да размислам за изминатата година и на некој начин малку да се соземам затоа што беше тешко - рече таа.

Лиза практично нема да има контакт со надворешниот свет освен преку видеодневниците кои планира да ги снима за нејзиното искуство и филмовите што ќе ги гледа додека е таму.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Euronews (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот