X
 11.12.2018 Култура

Црната комедија „Налепница“ на Георги Унковски премиерно напролет

Продуцентската куќа Cinema Futura заврши со снимањето на краткометражниот игран филм „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски. Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа, а маската и шминката за главниот лик - Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Се очекува својата премиера филмот да ја има во првата половина на 2019. Проектот е поддржан и финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.





Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура