Сите знаеме колку обични и здодевни се улиците низ големите градови - единствено семафорите и рекламите му даваат некаков вид боја на досадното сивило. Имате среќа ако во градот има некое паркче.
Поттикната од потребата да ја врати природата во градот, полска уметница решила да почне шарен проект што ќе му даде живописност на инаку обичната заднина на градот.
Фото: Dominika Cebula
Фото: Dominica Cebula
Зад проектот стои уметничката Доминика Кебула од Лоѓ, Полска. Наместо метро-станиците да се полни со хартиени брошури и реклами, оваа уметница одлучила да ја декорира локалната метро-станица со разновидни исушени цвеќиња. Од рози до папрати, Кебула зела стотици исушени растенија и ги поставила во стакло на метро-станицата на плоштадот Дабровскјего во Лоѓ.
Фото: Dominica Cebula
Фото: Dominica Cebula
Разнобојниот проект е наречен „Носталгија“ и влече инспирација од локален пазар за цвеќиња на истиот плоштад. Цветовите што се користеле за проектот се зачувани во епоксидна смола за да се обезбеди нивна долговечност, така што
луѓето можат да уживаат во нив подолго време.