Батеријата на вашиот паметен телефон ќе биде многу „благодарна“ за откритието до кое дојде Универзитетот во Вашингтон
„Wi-Fi“ или безжичната мрежа е една неверојатна работа, без која речиси е незамисливо да се води денешниот живот. Сепак, и покрај благословот од неговото постоење (и намалување на бројот на кабли) сé уште е евидентно дека времето поминато за сурфање на интернет доведува до трошење на батеријата на паметниот телефон.
Ако за изумот „Wi-Fi“ треба да им бидеме благодарни на Холанѓаните, тогаш за новата технологија, наречена „пасивен „Wi-Fi“, треба признание да им дадеме на научниците од Универзитетот во Вашингтон. Наводно, „пасивното „Wi-Fi“ се потпира на феноменот на повратниот сигнал. И додека во голема мера за „Wi-Fi“ конекцијата се потребни два радио сигнали да се снабдуваат со енергија, на оваа нова технологија ќе и треба само еден. Тоа ќе генерира едно- фреквентен сигнал.
Тимот од Вашингтон засега постигнува брзина од само 11 мега-бити во секунда со новата конекција, но се работи на нејзино подобрување. Што е најважно, со испитувањата се открило дека „пасивното Wi-Fi“ функционира беспрекорно интегрирано со постојните модеми и паметни телефони. Ова исто „пасивни „Wi-Fi“ троши од 15 до 60 микровати енергија, а тоа е 10.000 пати помалку од вообичаеното. Со тестирањата била потврдена комуникацијата со паметните телефони на 30 метри оддалеченост.
Сето ова е можно, бидејќи пасивните уреди кои се наоѓаат во близина рефлектираат сигнали што истовремено синтетизираат безжичен пренос. Кога технологијата ќе „заживее“ ќе биде од корист не само за мобилните телефони, туку и за сите уреди што користат интернет.
Следуваат подобрувања и независни тестирања за кои се надеваме дека ќе ги потврдат резултатите до кои дошле самите научници. И покрај тоа што ништо не е завршено, ова откритие изгледа ветувачки што се вбројува во 10-те најголеми технолошки достигнувања во 2016 година.
Save