X
 16.06.2019 Образование

Британско училиште под мета на критики - нуди часови за готвење и драма за девојчиња, а дизајн и технологија за момчиња

Британско училиште предизвика гнев по одлуката на девојчињата да им бидат понудени часови за готвење и драма, а на момчињата дизајн и технологија. Едно деветгодишно девојче од ова училиште, коe сакалo во иднина да стане инженер, било вознемирено поради распределбата.

Критичарите тврдат дека ваквите распределби ги зајакнуваат старомодните родови стереотипи. На „Твитер“, една мајка рече дека нејзината ќерка била збунета и тажна поради одлуката.

- Ова покажува дека како земја/општество, во период од 30 години, не сме имале ни сантиметар напредок - напишала мајката на нејзиниот твитер-профил.

Британската влада долго време ги охрабрува девојките да учат наука, технологија, инженерство и математика уште од рана возраст. Бидејќи писмото беше објавено на интернет, родителите добија огромна поддршка од политичарите, наставниците и академиците. Политичарите сметаат дека писмото е шокантно и дека децата треба да живеат во 21. век.

Марк Маслин, академик на Универзитетскиот колеџ во Лондон, посочи дека училиштето треба да биде пријавено во Канцеларијата за стандарди во образованието врз основа на сексуална дискриминација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование