X
 03.10.2017 Технологија

Ботнетот што го излуде интернетот едноставно не умира!

Ако не знаете што е ботнет мрежа, како функционира и 
кој управува со неа, на кои сервиси се потпира и како да го заштитите
својот смартфон, оваа содржина е за вас 



Паметните телефони направија своевидна револуција овозможувајќи им на луѓето да се достапни секогаш односно да комуницираат и да имаат пристап до интернет насекаде, во кое било време. Сепак, се почесто се поставува прашањето, дали светот стана заложник на модерната технологија имајќи во предвид дека паметните телефони стануваат мета на бројни интернет закани и измами? Сајбер криминалот расте забрзано. Сајбер криминалците постојано демнат и можат да ги нападнат своите „жртви“ без оглед на тоа каде и да се наоѓаат. Како тоа го прават? Многу едноставно, зафаќаат во исто време голем број корисници на паметни телефони, користејќи малициозни софтвери (malware или spyware) и разни вируси со што се формира мрежа на уреди кои што се управуваат од далечина познато како „ботнет“.

Ботнет или „зомби мрежата“ ја креираат заразени комјутерски уреди, кои спроведуваат малициозни активности на глобално ниво, за нелегално превземање на лични податоци преку масовна дистрибуција на spam пораки и разни други видови на вируси од типот на тројани и црви, па се до највалкани закани и злоупотреби. Овие мрежи најчесто го користат IRC протоколот, иако ги користат и HTTP, P2P или IM протоколите. Тој може да преземе целосна контрола на уредот и на податоците во него, да комуницира и прима инструкции од еден или повеќе надворешни командни сервери и да се приклучи во мрежата на други мобилни ботови кои се контролирани од „ботмастерот“.

Мобилниот бот е вид на малвер кој автоматски функционира со неговото инсталирање на мобилниот уред кој не е заштитен со антивирусен софтвер. Ранливи се сите оперативни системи без исклучок. Процесот на ширење на вирусите најчесто се одвива преку социјалните медиуми, форумите, страниците за превземање на апликации, купувањето онлајн, регулирањето на паричните трансакции и милиони други активности преку смарфоните или кој било друг компјутерски уред. Кога ќе го фати вирус, уредот веќе е компромитиран и е под контрола на хакерите, влегува во одреден канал кој е однапред креиран за ослушнување и прием на команди за понатамошни активности. Од тој момент, хакерите имаат пристап до сите податоци на корисникот. Од тогаш, тие можат:

• Да крадат лични податоци, кориснички имиња и лозинки;
• Инсталираат/бришат апликации;
• Остваруваат повици на некој телефонски број на сметка на корисникот;

Затоа потребно е високо ниво на свест при користење на интернет мрежата во приватната и во деловната комуникација. Најдобрата заштита е внимателно и паметно користење на интернетот во комбинација со антивирусен софтвер и редовно ажурирање на системските и други апликации

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија