Владата на вчерашната 173. седница ги задолжи стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите.
Забраната почнува да важи од денеска.
Како што информира владината прес-служба, забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.
На подрачјето на Водно, каде што нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.
Извор: МИА