X
 17.11.2022 Живот

Драстично се намалува смртноста на предвремено родените бебиња, вели Денис Ал Калили, педијатар и претседател на организацијата „Лулка“

Бројот на починати предвреме родени бебиња кои се лекуваат на Клиниката за гинекологија и акушерство како терцијарен перинатален центар континуирано се намалува. Од 2016 до 2021 година смртноста е намалена од 25 на 8%. Тоа е доказ дека e можно намалување на бројките. Но важно е и да се намали колку што е можно бројот на предвреме родени бебиња, вели Денис Ал Калили, педијатар и претседател на организацијата „Лулка“

Светскиот ден на предвременото породување, 17 Ноември, е ден во годината кога вниманието се насочува кон предизвиците и товарот на предвременото породување на национално и на глобално ниво. Повеќе од 100 организации од целиот свет, меѓу кои и организацијата „Лулка“ од Македонија, ги здружуваат силите и заедно, во синхронизирана акција и под заеднички слоган, го одбележуваат овој ден. Оваа година слоганот е „Родителската прегратка: Моќна терапија“. Организацијата „Лулка“ подготвува активности и настани во пресрет на овој ден и се обврзува, како и досега, да им помага на предвреме родените бебиња и нивните семејства.
Во прилог интервју со докторот Денис Ал Калили, педијатар во одделот за неонатална интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство, и основач и претседател на организацијата „Лулка“.

Интервјуто прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот