Романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана Црвенковска ќе биде промовиран на 24 јануари (петок) во 20:30 часот во „Кино Култура“ во Скопје. Промоцијата е во рамките на фестивалот ArtArea 3, кој се одржува од 24 до 26 јануари во „Кино Култура“.
Станува збор за прв роман на Црвенковска, не сметајќи ги романите за деца, кој жанровски може да се определи како магичен реализам. За делото ќе зборуваат Калина Малеска и Фросина Пармаковска. Изданието е на „Чудна шума“ од Скопје.
„Девет приказни за госпоѓа Сит“ нуди женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни... Илустрацијата и дизајнот на корицата се на Зоран Кардула.