X
 22.03.2020 Образование

„Медицинар“ замина во историјата - урнат поради потребите на Министерството за здравство

Градските служби при Градот Скопје вчера ги урнаа бараките од домот „Невена Георгиева-Дуња“- Медицинар поради потребите на Министерството за здравство и новонастанатата состојба со пандемијата на коронавирусот, соопштија од Државниот студентски дом „Скопје“.

- Оваа пандемија, овој здравствен проблем на глобално ниво е сериозна закана за здравјето на граѓаните во речиси сите држави во светот. Од таа причина објектот „Медицинар“, кој се наоѓа на клучна локација близу Клиниката за инфективни болести, е отстранет со цел да се отвори просторот и да се приспособи за потребите на Министерството за здравство. Во таа насока, Градот Скопје во текот на изминатите денови го прошири пристапот за возила на брза помош до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за истите потреби се прави и посебен влез кон Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - соопштија од ДСД „Скопје“.

Во соопштението се додава дека бараките што беа во рамките на овој студентски дом биле изградени по земјотресот во 1963 година, а капацитетот на леглата изнесуваше 351 кревет. Бараките беа во крајно лоша и дотраена состојба и поради немањето основни услови за живот на студентите не беа во функција повеќе од 5 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование