X
 22.04.2021 Живот

HUAWEI FreeBuds 4i – Бегство во друг свет на звуци спакувано во кутиче полно издржливост

Хуавеј“ ги претстави симпатичните и екстра издржливите FreeBuds 4i - слушалки кои ќе ви овозможат дури 10 часа активно и комфорно слушање музика со едно целосно полнење, притоа нудејќи ви опција за лесно исклучување на вревата околу вас

Пандемијата на коронавирусот ни ги преврте животите наопаку и нè натера да се затвориме дома, да се навикнеме на онлајн-настава, онлајн-состаноци, учење и работа додека другите членови на фамилијата завршуваат други обврски низ домот, ретко дружење со пријателите и барање спас во прошетките, книгите, музиката, поткастите и филмовите. Нè натера подобро да се запознаеме себеси, да ги истенчиме вкусовите за сè што нè опкружува и да си ги посветиме вниманието и негата која можеби одамна ни требаше, но не наоѓавме време.

Изминатава година речиси сè што правевме се сведуваше на неколку активности и најголем дел од нив беа поврзани со технологијата, на која можеме да ѝ се заблагодариме што ни овозможи да си ги видиме и слушнеме саканите и во најтешките моменти. Нормално, во тој процес најголем пријател ни беше телефонот, ама неизоставни беа и слушалките. Но, тие и пред пандемијата често ни создаваа маки кога ќе ни се заплеткаа низ џебовите, па не сакајќи ќе скиневме некое кабелче и потоа се мачевме со звукот. Или кога ќе ги ставевме со цел да се изолираме, а повторно ги слушавме сите околу нас. Па ќе решевме да купиме безжични, но ќе се испразнеа дур да трепнеме.

Сепак, за наша среќа, решението за тие проблеми постои и ни е на дофат. „Хуавеј“ ги претстави симпатичните и екстра издржливи FreeBuds 4i - слушалки кои ќе ви овозможат дури 10 часа активно и комфорно слушање музика со едно целосно полнење, притоа нудејќи ви опција за лесно исклучување на вревата околу вас. Што ако се брзате, а слушалките се празни? И таа грижа е отстранета. Доволни се само 10 минути полнење и слушалките ќе можат да работат 4 часа. Совршено решение за сите оние што постојано се во трка со времето.




А заштедата на време почнува уште од поврзувањето на слушалките со вашиот омилен уред. Само ја отворате кутијата за полнење и веднаш можете да ги поврзете слушалките со телефонот или таблетот. Освен првото, сите следни поврзувања се автоматски, што е мал плус во сите предности на вашите омилени мали придружници.

Овие слушалки ќе ве заведат уште кога ќе го видите малото пакување во бела, црна и во црвена боја, со совршено дизајнирано куќиште за полнење во овална форма и нежно чувство на допир. Освен тоа, слушалките се ергономски дизајнирани, суперлесни и го намалуваат притисокот и по неколкучасовно користење.

Дизајнот, исто така, совршено ќе се вклопи во вашиот имиџ, но она што ќе ве освои се перформансите. Веќе ја споменавме издржливата батерија која бара само малку внимание, но, секако, тоа не би ни ги задоволило апетитите. Секако дека од слушалките ќе побараме да ни овозможат приватност, а FreeBuds 4i слушалките имаат сензори кои активно го детектираат и намалуваат амбиенталниот шум, па приватноста ви е на допир. И тоа буквално. Ако сакате да слушнете што ви зборува некој, нема потреба да ги вадите слушалките, доволно е само да ги притиснете и задржите за да преминете во Awareness Mode.



Кога сме кај лесното ракување на слушалките со само еден допир, треба да се напомене дека тие имаат вградени сензори за контрола на допир поддржани од напреден алгоритам за попрецизна реакција. Во превод, јавување, исклучување од околината и пуштање музика со допир. Така, со двоен допир можете да си пуштите музика или да се јавите, односно да „затворите“, додека со долго задржување, како што напоменавме, можете да се исклучите од околината или да се вратите во разговор со луѓето околу вас.

Доколку, пак, спортувате или често сте на отворено, веројатно ќе ви биде важно намалувањето и на бучавата од ветар на отворено, кое слушалките HUAWEI FreeBuds 4i го нудат благодарение на системот со двоен микрофон, кој доаѓа со дизајн на процеп за ефикасно намалување на бучавата од ветар. Технологијата за формирање звук е искомбинирана со технологијата за намалување на бучавата со ВИ и така вашиот глас прецизно се издвојува во гласна средина. Тоа значи дека и кога сте во движење на отворено, соговорникот ќе може совршено да ве слушне, но и вие да го слушнете него.

Слушалките имаат полимерна дијафрагма и 10-милиметарски динамички драјвер, кој обезбедува богати инструментални хармонии, јасен вокал, бас и совршено избалансиран звук. Сето тоа гарантира максимално уживање во вашата омилена музика додека учите, работите или шетате.



Сè на сè, слушалките HUAWEI FreeBuds 4i се мало бегство од реалноста спакувано во кутиче полно издржливост. Тие се сè што би посакале од едни безжични слушалки – верен пријател кој нема да нè изневери, комфорен изолатор од средината и јасен пренесувач на звук. Инвестиција што вреди!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот