Сега веќе поранешниот хрватски затвореник Енис О. ја тужел државата поради, според него, непримерните услови во затворот во Лепоглава. Но, општинскиот суд во Вараждин го отфрлил неговото барање државата да му исплати отштета од 130.000 куни (околу 17.600 евра).
Незадоволниот Енис, кој во 2011 година бил осуден на 7 години затвор, ќе мора да го надомести трошокот за судската постапка во износ од околу 2.100 евра.
Меѓу другото, тој се жалел дека ќелиите во затворот не одговараат на стандардите, дека биле валкани, без дневна и вештачка светлина, дека тоалетот не се заклучува од внатрешната страна и дека не одговара на пропишаните хигиенски услови.
Адвокатот на Република Хрватска ги негирал наводите на тужителот. Казнената установа, според него, за сите затвореници обезбедувала услоби за вежбање, спорт и рекреација, па затвореникот можел да се занимава со фудбал, кошарка, атлетика, пинг-понг, а на располагање му била и информатичката работилница, библиотеката и читалната со повеќе од 10.000 наслови и дневни весници, како и телевизијата со 20
канали.