X
 26.10.2022 Култура

Колку се разликува серијата „Куќа на змејот“ од книгата по која е создадена?

Адаптацијата на која било книга на малите екрани ќе доведе до значителни отстапувања од книгата, а серијата „Куќа на змејот“, базирана на делото „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин, има многу отстапувања.

Креаторите на серијата „Куќа на змејот“, Рајан Кондал и Мигел Сапочник, морале добро да ја искористат реалноста помеѓу конфликтните „историски“ извештаи за да создадат дијалог и сцени кои се само навестување во книгата, која ја раскажува историјата на династијата Таргариен и приказната за граѓанската војна позната како „Танц на змејовите“.

Најдобрите измени на оригиналниот текст објаснуваат што навистина се случило меѓу ликовите, давајќи нов контекст на нивните постапки и мотивации, додека другите разлики ги оставаат гледачите со многу прашања.

Ова се отстапувањата на серијата во однос на книжевното дело:

Кралот на Вестерос, Висерис Таргариен, во книгата „Оган и крв“ постои само за да ги овозможи околностите за „Танц на змејовите“ и практично е некој што го „загрева“ Железниот трон до вистинската ерупција на заплетот. Но, во серијата, благодарение на актерот Педи Консидајн, овој литературен лик добива сосема нов изглед.

serija
Фото: Facebook

Во серијата, Висерис е повеќе од случаен крал. Изненадувачки, тој е ретко добар човек на владејачка позиција, посветен татко, но сепак неговите лоши процени и постапки го водат неговото семејство до поделба, поради што започнува војна токму по неговата смрт.

Историскиот формат на делото „Оган и крв“ остава нерешени настани и емотивни врски меѓу Реинира, нејзиниот вујко Дејмон и нејзиниот телохранител Кристон Кол. Серијата некако ја реши таа мистерија и подлабоко се занимаваше со овој љубовен триаголник.

Во книгата се пишува за шпекулации, но во серијата јасно е прикажано дека Дејмон се обиде да ја заведе својата внука, но ја остава среде страсна екстаза, која ја води Реинира во прегратките на младиот Кол, кој по интимниот чин со принцезата ја губи честа на витез. Тој ќе ѝ понуди на Реинира заедно да побегнат, но таа ќе го одбие и тој ќе стане еден од нејзините најголеми противници во битката на Зелените и Црните.

2
Фото: Facebook

Оживувањето на Рејнис Таргариен, кралицата која никогаш не беше, на малите екрани од актерката Ив Бест, е еден од најважните моменти на целата прва сезона на серијата. Во претпоследната епизода од оваа продукција се покажа дека оваа хероина поседува квалитети и силен карактер да седне на Железниот трон.

Таа триумфално упадна на крунисувањето на Егон за крал и нејзината моќна тишина и неактивност се можеби една од најмоќните сцени во првите десет епизоди од серијата. Овој сценски триумф не е базиран на книгата.

Расистичките тролови беа вознемирени од одлуката благородничкото семејство Веларион да биде со темна боја на кожата. Сепак, оваа одлука се покажа како валидна во однос на кастингот и во воспоставувањето јасна визуелна разлика меѓу Ленор Веларион и синовите на Раинира: Џакарис, Луцерис и Џофри.

Приказната за идејата за крв и наследство во политиката на овој измислен свет доби сосема нова димензија со овој потег.

Валирискиот нож доби нова приказна во праисторијата на „Игра на троновите“. Оружјето што ја започна „Војната на кралевите“ и во рацете на Арја Старк стави крај на заканата за човештвото, доби сосема нова улога во „Куќа на змејот“.

3
Фото: Facebook

На него е напишано пророштвото на Егон Освојувачот за „ветениот принц“ и „долгата ноќ“. Во форма на наследна тајна, Висерис ѝја пренесува оваа информација на својата ќерка Ренира и на тој начин на ножот му дава поголемо значење, иако ова не е така во книгата.

На списокот со отстапки може да се најде и смртта на Џофри Лонмут, која во „Оган и крв“ е случајна и од рацете на Кристон Кол, а тука е и непостоењето на четвртото дете на Висарис и Алесен во првата сезона.

Пријателството меѓу Ренира Таргариен и Лена Веларион не е тематизирано во серијата, додека во книгата е интензивно. Алисент Хајтауер во книгата е претставена како амбициозна личност која прави сплетки и по секоја цена го сака Железниот трон за своето семејство, додека во серијата е претставена како жртва на околностите и туѓите одлуки.

Извор: ddl.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура