X
 30.06.2024 Здравје

Најдобрата и најлошата храна што можете да ја јадете кога сте болни

Кога сте болни, на вашето тело му требаат хранливи материи за зајакнување на имунитетот. Иако храната не може да ја спречи или магично да ја излекува вашата болест, она што го јадете може да ви ги олесни симптомите и да ви помогне побрзо да закрепнете.

Ова се девет намирници што ќе помогнат и три што може да го попречат вашето закрепнување.

Чај


Особено кога се борите со инфекција, многу е важно да бидете хидрирани. Освен вода, нема ништо подобро од топол чај.

-Пиењето чај може да помогне во обновувањето на хидратацијата - што е важно за закрепнување, како и да ги олесни варењето и болките во грлото - вели диететичарката Лиза Московиц.

Мед


За дополнителна доза моќ за зајакнување на имунитетот, ставете малку мед во шолја чај.

- Не само што го прави вкусот на чајот многу подобар туку и содржи природни антивирусни и антибактериски својства кои можат да ви помогнат побрзо да се изборите со болестите - вели Московиц.

Лук


- Го подобрува вкусот на вашата храна и може да го зајакне вашиот имунолошки систем. Лукот има природни антибактериски својства и може да ве заштити од бактерии кои можат да предизвикаат инфекции, што го прави една од најдобрите намирници за закрепнување - тврди Московиц.

Печурки

-Печурките имаат голем број важни витамини, минерали и ензими кои му помагаат на телото да функционира најдобро што може. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека тие му помагаат на имунолошкиот систем во борбата против разни видови инфекции – советува Московиц.

Цитрони

Преполни со витамин Ц за зајакнување на имунитетот, можат да му помогнат на вашето тело да се бори против одредени инфекции.

- Сепак, високите дози на витамин Ц нема да излекуваат вируси или инфекции. Ако веќе сте болни, претераното јадење портокали нема да ви биде многу корисно. Подобро е редовно да се консумира витамин Ц како превентивна мерка - вели Московиц.

Ѓумбир


Ѓумбирот е поврзан со посилен одговор на антителата, што значи дека може да помогне во одбраната на телото од потенцијални вируси. Овој лут корен може да ги уништи вообичаените бактерии и патогени.

Храна богата со пробиотици


- Ферментираната храна, како јогурт, кефир и комбуха, содржи пробиотици здрави за цревата кои можат да помогнат во одржувањето на имунолошкиот систем - вели Московиц.

Цревата играат важна улога во вашиот имунолошки систем, а пробиотиците – кои се богати со добри бактерии – ја зајакнуваат цревната флора.

Школки

Ако можете да ги јадете, школките треба да бидат на врвот на вашата листа за купување кога сте болни. Тоа е така затоа што тие се еден од најдобрите извори на цинк, суштинска материја за имунитетот. На вашето тело му треба цинк за да произведе Т-лимфоцити (бели крвни зрнца кои се борат против инфекции).

Пилешка супа

Богата со антиоксидансот карнозин и неговиот дериват ансерин, пилешката супа и екстрактите од пилешки гради  помагаат за слузта во носните канали. Протеинот во пилешкото му помага на телото да обезбеди енергија за закрепнување, а течноста помага во хидратацијата на телото.

Храна што треба да ја избегнувате кога сте болни:

Вештачки засладувачи


- Иако тие можат да ви помогнат да ги задржите шеќерот и калориите на ниско ниво, ако се чувствувате лошо, можеби ќе сакате да се воздржите од вештачките засладувачи. Вештачките засладувачи можат да предизвикаат дополнителни стомачни проблеми и потенцијално да придонесат за силни главоболки - додава таа.

Млечни производи

Ладна топка сладолед можеби звучи како совршено решение за болки во грлото, но храната базирана на млечни производи може да ви ги влоши симптомите, особено ако имате назална конгестија.

Кофеин

- Ако посегнувате по кофеин за да го издржите денот кога сте болни, внимавајте прекумерните количини да не ви предизвикаат стомачни тегоби и блага дехидратација - вели Московиц.

Исто така, кофеинот може да го намали апетитот, а ако сте болни, не сакате да ги пропуштите клучните имунолошки нутриенти како Ц, цинкот и антиоксидантите кои вашето тело ги добива преку хранливи намирници.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје