X
 04.03.2021 Живот

Израел нуди алтернатива за патниците: наместо карантин, алка за следење

За Израелците што се враќаат во земјата од странство е воведена можност да носат електронска алка што им овозможува на властите да следат дали ја прекршуваат задолжителната изолација.

Оваа пробна програма почна во понеделникот на аеродромот „Бен Гурион“ со 100 алки за електронски надзор.

Патниците што доаѓаат од странство мора да останат во карантин во хотел платен од владата, во траење од 2 недели, за да се утврди дали се или не се заразени со Ковид-19. Но, оние што ќе се согласат да носат опрема за електронско набљудување, можат да си одат дома.

Системот за електронски надзор ги алармира властите доколку некој ја прекрши изолацијата и се оддалечи од домот или во случај да ја тргне алката.

- Можно е пилот-програмата да прерасне во проект со илјадници електронски алки за набљудување за успешно спроведување на мерките за изолација пропишани од владата - велат од компанијата „Суперком“, која ја дизајнирала алката за надзор.

Извор: Reuters.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот