X
 04.12.2020 Образование

Царовска и директорите на училиштата: Успешно заврши оценувањето за првото тримесечје

Оценувањето на учениците за првото тримесечје заврши без тешкотии, заклучија директорите на училиштата во земјава и министерката за образование и наука Мила Царовска, кои денеска одржаа онлајн-состанок. Учениците и родителите имаат увид во оценките преку електронскиот дневник, а воспитно-образовниот процес од почетокот на учебната 2020/2021 година се одвива успешно, велат тие.

- Беше предизвик да ги оцените учениците во овие поразлични услови на настава. Убедена сум дека како наставници го најдовте најдобриот начин и методи да ги оцените знаењата и да ги формирате оценките за првото тримесечје, во оваа скратена учебна година - рече Царовска.

Во средните училишта во тек се подготовките за матурата, што треба да се одржи во законскиот рок. Царовска рече дека следните шест месеци се доволни за да се подготвиме за успешно спроведување на државната матура, согласно сите здравствени протоколи. Испитните програми ќе бидат усогласени со скратените наставни програми.

- Вие како наставници, ние како Министерство и сите што учествуваат во овој процес на заокружување на средното образование, ќе им помогнеме на учениците успешно да ги совладаат и овие заврши испити и да постигнат високи резултати. Полагањето на матурата е во најдобар интерес на учениците и е основа за натамошно надградување и продолжување на образованието на факултетите – рече Царовска.



Во училиштата каде што се одвива настава со физичко присуство се почитуваат мерките и протоколите за заштита, што се потврдува и со податоците дека под 1 отсто од наставниците и под 0,06 отсто од учениците се активни случаи и нема пренос на болеста во училиштата. Кај учењето од далечина над 90 проценти од учениците следат онлајн-настава, а континуирано се намалува бројот на ученици што немаат технички услови, како резултат на заедничкиот ангажман на МОН, локалните самоуправи, училиштата и компаниите со општествена одговорност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование