За 40.000 ученици што немаат ИТ-уреди за да следат настава преку националната платформа за учење од далечина, часовите што ќе ги одржуваат наставниците ќе се снимаат и потоа ќе се пренесуваат во одредено време на националната телевизија, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција.
- Невозможно е за кратко време да се набават толку уреди, толкава бројка нема ни во регионот. Затоа овие ученици делот од наставата може да го следат на националната телевизија, веќе има канали отворени за таа намена. На учениците што немаат услови ниту на овој начин да следат настава училиштата ќе им ги печатат материјалите и ќе им ги доставуваат до учениците. Предизвици има многу, почетокот на новата учебна година нема да биде лесен за никого, но да се вложувало во образованието во изминатите 15 години сега ќе имавме многу подобар старт во пандемијата која не ни се случува само нам - рече Царовска.
Мила Царовска / Фото: МОН