X
 08.12.2015 Култура

Бакнувањето во јавност во СФРЈ: Што мислеле граѓаните во 1975?

Пред не толку долг период, публиката гледала филмови во кината во кои слободата се движела само со бакнежот. Денес, екраните се преплавени со еротски и полуеротски сцени. А, „филмскиот бакнеж“ се пренел и на улиците, во парковите, кафеаните..

Се чини дека многумина го осудуваат тоа дури и сега. Дали бакнежот претставува непочитување на правилата на социјалното однесување? Ова прашање им било поставено на повеќе испитаници од Србија во 1975. Еве што мислеле за тоа тие.

Светозар Спириќ, пензионер:

„Мене лично таквото однесување на младите не ми пречи. Тоа е нивно време, па нека се забавуваат доколку им причинува задоволство.“

Драган Сариќ, возач:

„За мене тоа не е само знак на непристојност, туку и грубо предизвикување на околината и лично понижување. За сè има место и начин, зарем не?“

Споменка Голубовиќ, пензионер:

„Кога двајца млади се шетаат прегрнати, сигурно ги врзува љубовта. Тогаш е пријатно да ги гледате. Но, кога претеруваат, треба да се сврти глава. Граници на пристојност мора да постојат.“

Анка Булатовиќ, медицинска сестра:

„Секој има право да сака кога сака и кадешто сака. Бакнежот е израз за љубов, без оглед каде се дава. Во него не постои ништо непристојно ниту навредливо по околината.“

Василије Циљевиќ, фотограф:

„Оние кои се бакнуваат на јавно место не се заслепени од љубовта. Некои тоа го прават од непромисленост, други во афект, а некои за да се покажат. Заљубените бараат скриено место за љубов.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура