X
 09.05.2023 Живот

Осум средношколци го реновираа детското одделение при Клиничката болница - Тетово

Осум средношколци од Тетово, волонтери во Проект за хумани вредности при Црвен крст, го реновираа детското одделение во тетовската болница. Тие направија повеќе активности како кино-вечер, работилници и слично, а со собраните средства уредија повеќе простории во детското одделение.

- Бојадисани се три соби во детското одделение, ходниците, собата за чекање, амбулантата и собата за ЕХО. Потоа на ѕидовите ставија постери и стикери со ликови од цртани филмови, обезбедени се нови постелнини за креветите и купени се два инхалатори - информира денеска Ливета Арслани, наставничка и дел во проектот.



Оваа група од осум ученици се од економското и медицинското училиште.

- Јас како наставничка понекогаш ја губам верата дека има хуманост кај учениците, но тоа што го гледам денес со оваа група, со овие деца, мислам дека има убави нешта кај нив, хуманизмот е на високо ниво кај нив. Не работеа за пари, сите се активисти, нивното задоволство се убавите зборови што ги добиваат. Оваа група се одлучи нивниот проект да биде фокусиран тука заради децата, затоа што лошо изгледаше ова одделение и сакаа да направат промени - рече Ливета Арслани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот