По повод Светскиот ден на безбедна храна, 7 Јуни, Технолошко-техничкиот факултет од Велес, единица на УКЛО, организира онлајн-дискусија. На оваа онлајн-дискусија свое излагање имаа:
Зоран Атанасов, Советник на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, на тема: Безбедност на храната. Состојби и предизвици пред нас.
Љубица Костадинова, одговорен менаџер за процеси, Höhenrainer Delikatessen GmbH, Германија, на тема: Меѓународни стандарди за безбедност на храна: Новите предизвици и барања за компаниите со новата верзија 7 на стандардот Меѓународна стандардна храна (IFS).
Вонр. проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, продекан за наука и меѓународна соработка при Технолошко-техничкиот факултет од Велес, на тема: Технолошко-техничкиот факултет како општествен субјект во поддршка на воспоставувањето одржлив систем за безбедност на храна на национално ниво.
На дискусијата се дебатираше за примената на системот за безбедност на храната кај нас и во светот, за новата европска стратегија за безбедност на храната и идните перспективи и предизвици во поглед на безбедноста на храната.
(Комерцијална објава)