Нашата планета се соочува со глобален недостиг на песок, а тоа доведува до насилен црн пазар.
Црн пазар за песок? Иако не звучи како да е вистина, сепак е. Во изминатите неколку години на нашата планета буквално ѝ недостигал песок. Иако за некого тоа не изгледа како голема работа, песокот е клучна состојка во цементот, бетонот, па дури и во електрониката, и е апсолутно неопходен во современиот живот.
Побарувачката за него е толку голема, што сегашниот недостиг резултира со појава на насилни банди од црниот пазар што крадат кога можат. Поради појавувањето на овие криминалци, имаат исчезнато десетици мали острови.
ОН веќе предупредија за овој растечки недостиг.
- Во некои места повеќе не постои изобилство на песок, па затоа треба да го преиспитаме начинот на кој го користиме - изјави Паскал Педуци, шеф на Одделот за глобални промени и ранливост при Програмата за животна средина на ОН.
Во меѓувреме, Римскиот клуб објави загрижувачки извештај за опасностите од недостигот на песок.
-
Производството на многу минерални производи се чини дека е на прагот на опаѓање... може да поминеме низ циклус долг еден век, што ќе доведе до исчезнување на рударството какво што го знаеме - се вели во извештајот.