X
 15.06.2017 Култура

Лав Толстој за „емотивната заразеност“ или што ја разликува добрата од лошата уметност?

До 1897, Лав Толстој бил светски познат писател кој имал само една намера – да ги разоткрие сите мудрости на животот. Овој борец за мир, покрај Војна и мир  и Ана Каренина, го напиша и делото што зборува за значењето и историскиот развој на уметноста, со наслов „Што е уметност?

„За правилно да ја дефинираме уметноста, неопходно е првенствено да престанеме да ја сфаќаме како средство за задоволување, туку како состојба на човековиот живот. Со ваквото гледиште за неа, не можеме да не видиме дека уметноста е едно од најважните средства за меѓусебниот однос помеѓу двајца луѓе.“

„Секое уметничко дело влијае врз набљудувачот да создаде некој вид однос со тој што го создал тоа дело, и симултано со сите оние кои пред него го набљудувале истото дело и биле дел од импресиите што тоа кај нив ги изградило.“

Толстој нагласува дека суштината на уметноста „лежи“ во нејзината „заразност“.

„Ако набљудувачите на уметноста се заразат со чувствата што ги чувствувал авторот додека го создавал делото, тоа е уметност.“

„Уметноста е човечка активност која се состои од тоа, еден човек, свесно, со средствата на надворешните симболи, да им ги пренесе своите чувства на луѓето кои подоцна ќе го набљудуваат и анализираат тоа дело, а тие да поминат низ истото емотивно искуство.“

За Толстој, уметноста не е само мост кој ги спојува луѓето, туку и културите, животните ери и векови. Всушност, уметноста е бесмртна.

„Ако луѓето не би ја имале оваа способност да ги сфаќаат мислите на оние кои живееле пред нив и тие мисли да ги пренесат натаму, луѓето би биле како ѕверовите. И ако на луѓето не би им недостигал капацитет да бидат заразени со уметност, тие би биле премногу диви, и пред сѐ непријателски настроени едни кон други.“

Она што вистински ја разликува добрата од лошата уметност е токму степенот на заразност што делото ја носи во себе. Колку посилно е чувството на „заразеност“, толку уметноста е подобра и обратно. Тоа зависи од три фактори:

1. Поголема или помала индивидуалност во чувството што го пренесува;
2. Поголема или помала чистина на чувството што се пренесува;
3. Искреноста на уметникот.

Уметничките дела се рангираат според овие фактори и нивниот степен на реализација. Но, третиот фактор Толстој го смета за најважен. Ако уметникот не е искрен во процесот на создавање на одредено дело, нема да постои никаква емоција, а токму поради тоа на набљудувачот ништо нема да се пренесе и тој ништо нема да може да почувствува.

Низ целата книга тој се обидува да ја нагласи важноста на уметноста како фактор во меѓучовечките односи и нејзиното значење во создавањето мир. Емотивната компонента што уметноста ја чува во себе е лек против непријателствата, а на многу повисоко ниво, и против војната.

„Уметноста е микроскоп со кој уметникот ги дотерува тајните на својата душа, и им ги покажува на другите луѓе тајните кои им се заеднички на сите.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура