X
 15.10.2018 Култура

Ако сте пораснале со стрипови, тогаш оваа стара фотографија од американски Индијанец ќе ве врати во минатото

Основната причина поради која романите и приказните за Винету, на германскиот писател Карл Мај, биле продадени во 200 милиони примероци во последните 150 години, лежи во тоа што ја симболизираат потребата пред сѐ на европскиот човек за поедноставен живот и подлабока врска со природата, како и желбата на човекот за исконска и недопрена природа.

Всушност, тоа е и причината за популарноста на многубројни стрип-серијали како „Загор“ и „Големиот Блек“ и многу други, како и популарноста на вестерн-филмовите и други жанрови каде што тоа не е очигледно на прв поглед, како што е епската фантастика. Меѓутоа, филмовите за индијанскиот јунак Винету и неговиот пријател Олд Шетерхенд се снимани и од страна на западните Германци во разни соработки и од страна на источните Германци, но по правилата на поранешна Југославија.

Еден од најсаканите источногермански актери беше и остана Гојко Митиќ, кој се прославил со толкување на улогата на американски домородец во над 40 вестерн-филма, а меѓу другото, го глумел и Винету.

Цели генерации пораснале со тие книги, стрипови и филмови кои ја разгорувале детската имагинација и буделе желба за истражување на светот, откривање, ширење на хоризонтот, желни за авантура. Оваа фотографија од еден коњаник од едно индијанско племе била создадена на планината Прајор во Монтана.

Фотографијата настанала околу 1908 година. Човекот му припаѓа на народот Врани. Иако Враните не им припаѓаат на Апачите, на кои им припаѓа Винету, тоа нема важна улога. Впрочем, Карл Мај прв ја посетил Америка откако ја напишал својата најпозната приказна и никогаш не отишол западно од Бафало, а бидејќи Апачите живееле југозападно, неговиот етнички идентитет воопшто не е важен: тој симболизира Индијанец како Индијанец, и точка. Враните се Индијанци. Фотографијата е маестрална.

коњаник
Фото: Wikimedia Commons

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура