Децата најмногу се разгалувани со подароци и играчки и тоа е важно во детството. Но, оваа
мудра приказна прикажува една друга страна на подарувањето и на играчките.
Многу одамна во едно село дошол да живее некој стар мудрец. Многу сакал деца и поминувал доста време со децата од селото. Често практикувал да им дава подароци, но им давал само кршливи предмети. Без разлика колку децата биле внимателни и се труделе да ги чуваат, подароците често се кршеле по што децата биле тажни и расплакани. Поминало време, а мудрецот им давал подароци повторно, но уште покршливи.
Еден родител не издржал, дошол кај него и го прашал:
- Ти си мудар и на децата им посакуваш само добро. Зошто им даваш такви подароци? Тие толку многу се трудат да ги сочуваат, а играчките се кршат и децата плачат. Толку се убави, а речиси е невозможно да си играат со нив.
- Ќе минат многу години – се насмевнал старецот – и некој ќе им го поклони своето срце. Можеби играчките ќе ги научат да бидат внимателни со таков бесценет подарок, а можеби ќе сфатат дека треба да се уште повнимателни.