Тропнав точно на 257 врати и на крај создадов богатство
Точно 257 врати. Точно на толку состаноци по неговото искуство во Силиконската Долина морал да направи младиот Ренато Либрич од Загреб пред да ја стартува својата сериозна инвестиција во старт-апот „Bouxtie“, фирма која во последните две години зеде солиден дел од пазарот со картичките за подарување.
Нејзината вредност се проценува на околу 175 милијарди долари годишно само во Америка и Канада. „Bouxtie“ е мобилна апликација која дигитализира, персонализира и го поедноставува процесот на давање на такви картички, што во САД се многу популарни како во корпоративниот, така и во приватниот живот. Меѓу клиентите со кои неговата компанија работи од вкупно 140 компании се: „Nike“, „Starbucks“, „Sephora“, „Hyatt“, „Amazon“, „Best Buy“, „Whole Foods“, „Macy’s“.
Интересот за Либрич во Хрватска драматично порасна пред неколку недели кога во интервјуто за американскиот „Forbes“ открил дека имал понуда да го продаде стартап-от прво за 90 милиони долари, а потоа за 120, за на крај да прифати понуда од 300 милиони долари од една од водечките светски компании за кредитни картички.
Иако останал инволвиран во „Bouxtie“ уште некое време компанијата не му била финална амбиција. Плановите на Лубрич биле поголеми. Во моментот работи на стартување на фондот „Venture Capital“, фонд за ризични вложувања вреден 100 милиони долари, од кои сака да издвојува 10 милиони долари за да инвестира во старт-апи во Хрватска и во регионот. А уште поголем проект што тој го планира е развој на возен парк на авиони на електричен погон.
Првата работа
За сите овие постигнувања Ренато Либрич зборува ексклузивно за
„Jutarnji list“. Како и поголемиот дел од извршните директори на технолошки компании, 37 годишниот Ренато се облекува спортско елегантно, срдечен е и пријатен соговорник. Зборува со едноставен речник, без тешки технолошки термини, за да може да го разберат сите. Можеби причината е што Ренато во Силиконската Долина и светот на високата технологија влезе од еден поинаков свет, од светот на недвижностите.
„Завршив факултет во Америка на Институтот за технологија „Рочестер“, и имав среќа веднаш после тоа да добијам работа во полето на комерцијални недвижности. Проценување на недвижностите, купување на терени за странски партнери, во период на големиот бум во Хрватска. Работев за странска фирма која работи со над 140 земји во светот. Ме испратија на магистратура во Лондон, каде го запознав директорот од конкурентската компанија „JLL“ и ме ангажираа да ја водам канцеларијата за осум земји. Тогаш ја стекнав мојата прва заработка. Потоа почна кризата и престана мојот ангажман“- раскажува Ренато.
Тој вели дека не знаел точно што би работел следно, па заминал на турнеа во Непал и Индија со сопругата. Таму сфатил дека отсекогаш ја сакал технологијата, а како второ сака да решава проблеми. Иако не знаел да програмира, бил сигурен во себе дека знае да ја примени технологијата за решавање на проблеми. Се јавил на неколку банкари, а тие му се пожалиле за сложениот процес на пишување на извештај.
„Така настана мојот прв старт-ап кој се викаше „Redstar - Real Estate Database“ и брзо бројот на вработени порасна на 45 во канцелариите во Лондон, Варшава, Истанбул, Виена. Тогаш продадов еден мал фонд и повторно заминав на патување.
Клучно патување
На ова патување отишол со пријателите од светот на трговијата кои ги запознал додека купувал и продавал шопинг центри. Тие му се пожалиле дека имаат проблем со пластичните картички, особено во САД.
„Тргнав од Загреб со мал тим и во 2013 година заминавме во Лондон. Таму го запознав Рилард Брансон, Илон Маск и многу други, а од Брансон добив 250.000 фунти. Бевме таму 6 месеци, направивме производ. Едноставно речено „Bouxtie“ е мобилна апликација која функционира така што наместо да испратам некому пластична картичка како подарок, јас со снимање на ХД видео, избирам еден од 140-те производи и додавам одреден износ на пари за трошење. Станува збор за едно лично, емотивно искуство, затоа што само единствено кај нас 80 проценти од сите наши дигитални картички одат со видео пораки. И апликацијата е многу едноставна за користење. Меѓутоа во Британија немавме пазар.
Тимот на Брансон од Вирџинија ме советуваше дека морам да одам во Америка бидејќи таму е пазарот и заработувачката. Традицијата на давање на картички за Божиќ, родендени и слично таму трае 30 години. Слетав во Сан Франциско, никој не познавав, бев толку многу збунет. Буквално седев во мојата мала соба, отворав интернет и се сетив да презентирам на некоја сцена пред некои инвеститори, а еден од нив одлучи да вложи 100.000 долари. И ден денес е со мене и останавме многу добри пријатели. Ме запозна со луѓе, научив како да презентирами секој пат се качував сé погоре, се враќав неколку пати во Сан Франциско и ги заработивме првите 2.5 милиони долари во првите 6 месеци“- објаснува тој.
Познати клиенти
Но пред да го постигне сето тоа тој вели дека морал да тропне на многу врати, а го знае и точниот број.
„Јас сум таков упорен, чукам се додека некој не каже „да“. Тоа е тешка работа, негување на љубов, управување со фирма, тоа е крвава работа, но мене тоа добро ми оди“.
По две години и заработено 5 милиони долари понудата за преземање на „Bouxtie“, тој одлучил да ја покачи на 300 милиони долари. Во приказната се вклучила и една од најводечките глобални компании за картички, која осигурува клиенти како: „IBM“, „Facebook“, „Microsoft“, „Salesforce“, „American Airlines“, „Royal Bank of Canada“, „Mastercard“.
„За две години „Bouxtie“ од фирма со 4 луѓе прерасна на околу 35 луѓе, со канцеларии во Загреб, Канада, Лондон, Сан Франциско, Чикаго и две мали канцеларии на Флорида и Њујорк. Следната цел е да се влезе на пазарот во Сингапур, Хонк Конг и Австралија. Таму не викаат клиентите“- кажува Либрич.
Како што навел Либрич „Bouxtie“ има своја дигитална валута како „Bitcoin“. На пример ако некој сака некому да испрати 1000 долари „Bouxtie“ има технологија да ја дигитализира банковната картичка преку мобилен телефон, а испраќачот на парите може да го сними видеото кој примателот ќе го добие заедно со дигиталната картичка на кои се префрлени парите, кои може да се потрошат било каде.
Либрич планира да издвои 10 милиони долари и да вложува во старт-ап фирми од Хрватска и регионот, односно тоа значи по 2.5 милиони долари годишно. Намерата му е како што тој вели, да се применува американскиот модел на инвестициии за талентираните луѓе кои имаат добри производи. Објаснува дека и во Америка, конкретно во Силиконската Долина го воодушевиле следните нешта: дека таму се сите позитивни, има голема заработка, ставот дека сé е можно, голем дел од луѓето се спремни да помогнат и конечно дека не е проблем ако пропадне бизнисот.
„Сакаме ова да го воведиме и во Хрватска, така што планираме да земеме објект од 2000 квадрати кој фантастично би го уредиле. На првиот кат би бил инкубаторот, а на вториот нашите канцеларии и канцеларијата на фирмата која претходно сме ја инкубирале и која ќе остане кај нас. Луѓето би работеле тука за клиентите во странство. Ние би ги однесле во Америка на 3-6 месеци, ќе им отвориме таму фирма да можат и од таму да заработуваат пари. Ќе ги имаат најдобрите советници, луѓе за продажба, за финансии, маркетинг, ПР. Извршниот директор мора да се појавува еднаш или двапати годишно, но сакаме луѓето да останат во Хрватска.
Овде квалитетот на животот е подобар. Сакаме овде да плаќаат даноци и да вработуваат луѓе, за парите од надвор да доаѓаат кај нас. Сакаме нашите програмери да не се платени по 1000 долари, туку по 3000 долари. Сакаме да сме водечки центар за старт-апи за Југоситочна Европа. Нашите луѓе се паметни, само им требаат малку пари“- раскажува Либрич.
Долгорочна визија
Од април планира да почни да работи на наоѓање на соодветна зграда и да ја уреди на начин за кој вели дека не постои во Хрватска.
„Веќе имаме 2-3 одлични проекти, едно момче што работи на осветлување и има невиден производ, еден проект со голф терени, бидејќи кога ќе одам восакам да им покажам дека имаме потенцијал“-објаснил тој.
Долгорочната визија на Ренато Либрич е до 2025 година да го постигне сето ова, меѓутоа работата е пообемна од она што го споменал. На почетокот на 2018 година планира да започне со развој на авионска компанија. Ќе се нарекува „Dharma Airlines“.
„Постои еден авион кој го направија млади момчиња од Америка, кој полетува вертикално и лета хоризонтално, а тие сакаа да го пласираат на пазарот за приватни авиони. Јас влегов во фирмата, но развојот го гледам поинаку. Пред се нивниот модел оди на керозин. Јас запознав еден Хрват кој има систем што за беспилотните летала создава струја по потреба на барање, а нема батерии. Користи еден вид на мал мотор со внатрешно согорување, еден вид на хибриден мотор. Со тоа се добива поголем радиус и чиста технологија. Тоа јас не би го продавал, туку би го изнајмувал на хотелските ланци за превоз на клиенти од хелидроми до аеродроми. До 2020 година треба да имаме 10 примероци во паркот, а до 2025 година со голем фонд би сакале да го направиме првиот комерцијален лет помеѓу Лондон и Њујорк на струја“- истакнал Либрич.