X
 23.01.2023 Живот

Популарната актерка од „Игра на троновите“ не сака да ја гледа серијата-претходник „Куќа на змејот“

Актерката Емилија Кларк, која ја глумеше Денерис Таргариен во култната серија „Игра на троновите“, во едно неодамнешно интервју откри дека не сака да ја гледа серијата-претходник „Куќа на змејот“.

- Едноставно не можам да ја гледам. Чудно е и необично. Мило ми е што серијата беше снимена и освои награди, но едноставно не можам да ја гледам. Тоа е како некој да ве покани на годишнина од матура која не е ваша. Избегнувам да ја гледам - изјави Кларк.

Кларк беше номинирана за четири награди „Еми“ и три награди од Изборот на критичарите за нејзината улога во „Игра на троновите“, додека „Куќа на змејот“ беше номинирана за најдобра драма на „Златните глобуси“. „Куќа на змејот“ е една од најгледаните серии во историјата на Ејч-би-о, а само пилот-епизодата во првата вечер ја гледале 9,9 милиони луѓе.

Да потсетиме дека „Куќа на змејот“ е базирана на романот „Оган и крв“ од Џорџ Р. Р. Мартин, а дејството се случува 200 години пред настаните од серијата „Игра на троновите“. Серијата го следи почетокот на крајот на Куќата Таргариен и настаните што доведоа до граѓанска војна.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот