25.03.2019
Образование
Лани добивме 243 нови доктори на науки - повеќето се жени
Звање доктор на науки во 2018 година стекнале 243 лица, што е за 16,3 проценти повеќе во споредба со 2017 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу (34,9) лица докторирале во областа на општествените науки, потоа на медицинските науки (28,8) и на хуманистичките науки (18,5). Останатите докторирале во областа на техничко-технолошките, природно-математичките и биотехничките науки.
Поголем е бројот на жени што докторирале минатата година, 141 или 58 отсто од вкупниот број лица што докторирале во 2018 година.
Најголем процент (28,8) од вкупниот број својата професија ја вршат во образовната дејност.
Извор: МИА