Новонастанатата ситуација го измени нашето секојдневие, ни го отежни животот на сите, но особено погодени се социјално-загрозените семејства. Станува збор за сиромашни семејства што живеат во тешки услови, претставуваат ранлива категорија на граѓани, кои тешко ги преживуваат овие денови во самоизоалција.
За таа цел, како општествено одговорна компанија,
Лакталис МК и брендот
Алпско во соработка со Општина Центар и невладината организација „Банка за храна“ реализираа донација од 2.300 парчиња млеко, јогурт и кисело млеко без лактоза од „Алпско“ за социјално загрозените семејства од оваа општина.
- Оваа донација е најдобар доказ за постоењето на хуманоста, заемноста и солидарноста, како и силна желба за давање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа донација со неопходни
млечни производи ќе им го олесни, извесен период, секојдневието на овие најзагрозени семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добредојдена - изјавија од
Лакталис МК.
Лакталис МК како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност во своето работење континуирано се труди да ѝ помага на локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот. Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема Лакталис МК за обезбедување достоинствен животен стандард за оние што имаат потреба од помош, дополнително изјавија од компанијата.
(Комерцијална објава)