X
 26.12.2022 Здравје

Одредени видови тумори влијаат врз начинот на одење

Одредени видови тумори предизвикуваат лоша контрола на мускулите, што доведува до несмасни движења, тешкотии со одењето и рамнотежата, координацијата на рацете, голтањето, говорот и движењата на рацете.

Некои видови карцином, како и тумори на мозокот може да го променат начинот на кој лицето оди, покажаа истражувања врз основа на кои се апелира да не се занемаруваат таквите изненадни промени. Напротив, промените во одењето би требало да предизвикаат одреден степен на загриженост.

Ракот предизвикува симптоми со широк спектар кои лесно може да се помешаат со други болести или состојби. Лекарите потсетуваат дека класичните три симптоми на карциномот се неочекуваното губење на тежина, исцрпувачки умор и невообичаени грутки, иако, како што наведуваат, во практика нема два исти случаи. Понекогаш, како што нагласуваат, непријатните или несмасните потези при одењето може да бидат симптоматични за појава на карцином.

Како пример ја наведуваат атаксијата - група нарушувања што влијаат врз координацијата, рамнотежата и говорот, односно проблем со координацијата, поради што се јавуваат несигурни движења, а човекот почнува да оди незгодно или дури и несмасно. Атаксијата обично е знак дека постои проблем со дел од мозокот, ушите или други делови од нервниот систем. Покрај тоа, атаксијата може да се однесува на група болести или симптоми на одредени болести, но како симптом атаксијата е исклучително честа кај одредени генетски состојби и заболувања.

Стекнатата атакција, на пример, може да има широк спектар на потенцијални причинители, вклучувајќи и тумори на мозокот и други видови рак. Понекогаш се јавува и како резултат на паранеопластична невропатија, добро позната нуспојава на ракот. Кога човек ќе заболи од карцином на мозокот, тој обично го оштетува малиот мозок, кој игра клучна улога во рамнотежата. Понекогаш тешкото оштетување на мозокот може да предизвика целебрална атаксија недели или месеци по траумата.

Симптомите што лицето ги доживува и нивната тежина варираат во зависност од видот на атаксија кој го има. Генерално, луѓето со атаксија обично имаат лоша контрола на мускулите, што доведува до несвесни движења. Исто така, обично се развиваат тешкотии со одењето и рамнотежата, како и со координација на рацете, говорот и движењата на рацете. Всушност, многу моторички активности може да се опишат како атаксични ако пациентите ги перципираат како неконтролирани.

Основниот малигнитет кој предизвикува промени во начинот на одење обично е гинеколошки, потоа ракот на дојка, карциномот на белите дробови или Хочкиновиот лимфом. Според голем број наоди, атаксијата се наведува како клиничка манифестација на ракот на матката.

Извор: eklinika
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје