X
 27.10.2022 Живот

Компанија нуди шанса луѓето да искусат како е да бидат закопани живи, и тоа за околу 50.000 фунти

Повеќето луѓе не би сакале да бидат закопани живи, но очигледно има и такви што би платиле за тоа. Една компанија им нуди на луѓето шанса да искусат како е да бидат закопани живи, и тоа за околу 50.000 фунти.

Станува збор за руска компанија која им ветува на клиентите дека ќе може да присуствуваат на сопствениот „погреб“.

Според основачката на компанијата, Јакатерина Преображенскаја, клиентите ќе откријат скриени таленти и ќе може да се соочат со своите стравовите. Според неа, искуството е вистински симбол на борбата за себеси и среќната иднина.



Храбрите клиенти може да одбираат помеѓу два пакети. Се нуди онлајн погреб кој чини над 13.000 фунти, како и вистинско закопување во живо во период од најмногу еден час. Во вториот пакет се вклучува и религиозна церемонија.

Според основачката, искуството е безбедно и не претставува ризик за клиентите.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот