X
 29.03.2020 Живот

Како ќе се полага матура, зошто коронавирусот толку многу ги погоди европските земји. Што истражувавме неделава?

Како се справува нашиот образовен систем со наставата во време на коронавирусот, можно ли е да се полага државна матура во домашни услови ако потрае периодот на изолација? Како вирусот ги изненади напредните западни општества, како Американците се справуваат со пандемијата? Ова се темите што ги истражувавме неделава.



Еден од најголемите предизвици за наставниот кадар и за Министерството за образование и наука ќе биде полагањето на државната матура ако кризата со коронавирусот потрае. Извесно е дека матурантите ќе мора во домашни услови да се подготват за полагањето. Останува отворено прашањето како ќе се полагаат екстерните и интерните предмети.



По двајца наставници од секое средно училиште неделава требаше да посетуваат онлајн-семинар за начинот како да ја одржуваат наставата во домашни услови. Понатаму двајцата наставници ќе треба по истиот пат да им ги пренесат искуствата на колегите за да можат успешно да ја завршат учебната година. Неколку директори на средни училишта во земјава раскажаа во какви услови се oдвива наставата.



„По сè што видовме во Италија и низ цела Европа, се надевав дека Американците ќе бидат многу поспремни и посериозни кон реалната опасност“, вели нашинец кој живее во САД. Вчера оваа земја се искачи на врвот на најпогодени земји од Ковид-19.


Горан Јанев / Фото: МИА

„Пандемијата на Ковид-19 ќе овозможи да се осознае отпорноста на капитализмот да се справи со опасност која изискува радикално пренасочување на живиот капитал од приватно кон јавно добро. Лимитираните ресурси со кои сега располагаме и во најразвиените и во најбогатите општества се покажуваат како недоволни“, вели во интервјуто д-р Горан Јанев, професор по социјална антропологија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.


Оливер Бакрески

„Коронавирус: како дејствуваат полицијата и армијата во вонредна состојба? Основното прашање е дали безбедносните субјекти во вакви околности можат да одговорат на новиот предизвик“, вели во својот став проф. д-р Оливер Бакрески од Институт за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.


Ѓоко Хаџиевски

Ѓоко Хаџиевски со своето 33-годишно искуство како професионален тренер и со над илјада првенствени натпревари во кариерата моментно важи за еден од најуспешните тренери во Лигата во Обединетите Арапски Емирати. Во интервјуто со Хаџиевски тој објаснува како се прават тренинзи во време на кризата со коронавирусот.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот