Најновиот трејлер за „Куќа на змејот“ е тука и воопшто не разочарува. Исполнет е со змејови, јајца од змејови, политички интриги и многу руси перики.
Базирана на претходникот на „Песна на мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин, серијата ќе се фокусира на неславното крваво владеење што доведе до соборување на Таргариен.
Трејлерот ги прикажува предците на некои познати семејства од оригиналната „Игра на троновите“ како му се поклонуваат на Висерис Таргариен. Тука е лордот Рикон Старк, древен предок на семејството Старк. Присутен е и Боремунд Баратеон (предок на Роберт), како и Корлис Веларион, водач на куќата која падна под знамето на Баратеон.
Џорџ Р. Р. Мартин се појавува и како извршен продуцент.
Фото: Screenshot/YouTube