X
 07.05.2021 Култура

Битолското ислахане со статус на привремено заштитено добро. Во него професори биле Тефик-беј и Данали-ефенди, а ученици Кемал Ататурк и Али Фести-беј

Ислахането во Битола, објект од периодот 1894–1899 година, е ставено под заштита со акт што го донесе Управата за заштита на културното наследство по предлог на НУ Завод и музеј – Битола, информираат од Министерството за култура.

Министерката за култура Ирена Стефоска, на одбележувањето на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, пред битолското ислахане соопшти дека е започната инцијативата за заштита на овој редок објект од османлискиот период, кој е еден од трите на Балканот, покрај ислаханите во Солун и во Скопје.

Ислахането е дел од старите турски училишта и академии во Битола каде што професори биле Тефик-беј и Данали-ефенди со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести-беј. Училиштето започнало да работи околу 1900 година и било финансирано со државни средства. Во него се школувале деца кои биле сираци или од сиромашни семејства, така што истовремено функционирало и како сиропиталиште и како училиште.



- Ислахането претставува објект кој, според оценката на надлежната установа НУ Завод и музеј – Битола, спаѓа во категоријата добро за кое основано се претпоставува дека претставува културно наследство што заслужува да биде ставено под заштита поради своите историски, културни и научни вредности. Со актот за привремена заштита се утврдуваат границите на доброто и неговата контактна зона, како и режимот на заштита, со кој се утврдуваат ограничувања што произлегуваат од заштитниот статус. Рокот за привремена заштита, во согласност со закон, изнесува една година, кога надлежната установа Завод и музеј – Битола треба да изготви елаборат за валоризација на доброто, со што ќе се овозможи донесување акт за заштита, односно негова трајна заштита како културно наследство - информираат од Министерството.

Фото: Министерство за култура

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура