Обожавателите на серијата „Куќа на змејот“ се прилично разочарани од финалето на втората сезона, а на социјалните мрежи го споделија своето незадоволство откако сезоната заврши со напната сцена за која сите зборуваат.
Гледачите мораа да чекаат две години по завршувањето на првата сезона во 2022 година поради амбициозниот опсег и високите трошоци за производство, така што беа фрустрирани кога открија дека оваа сезона ќе има само осум епизоди, а финалето завршува со неизвесен крај.
Незадоволството се рашири низ социјалните платформи, а разочараните гледачи пишуваа дека воопшто не им се допаднало финалето со оглед на тоа што за серијата чекале цели две години.
Некои дури ја нарекоа и најлошата сезона во целиот универзум на „Игра на троновите“.
Добрата вест е тоа што ќе има уште две сезони од оваа серија, а креаторот Рајан Кондал потврди дека серијата завршува по нејзината четврта сезона.
„Куќа на змејот“ е создадена врз основа на книгата „Оган и крв“ од Џорџ Р.Р. Мартин, која ја опишува историјата на семејството Таргариен. Станува збор за серија-претходник на „Игра на троновите“. Серијата се одвива 300 години пред настаните од оригиналната серија.
Извор:
Klix.ba
Фото: Twitter