X
 09.05.2022 Живот

DevCon повторно во живо - конференција од ИТ-заедницата за ИТ-заедницата на 14 мај во City Hall Скопје

DevCon се враќа повторно! По вторпат во нашата држава ќе се одржи популарната меѓународна DevCon конференција каде што на едно место ќе се собере ИТ-заедницата од земјава. Годинава со посебен акцент на тие што развиваат веб и мобилни решенија.

Присуството е бесплатно, а регистрацијата е на следниов ЛИНК.

Конференцијата е закажана за сабота, 14 мај, со почеток од 9 часот и на неа се поканети да присуствуваат сите што сакаат да се дружат со колеги од ИТ-заедницата, да разговараат за најновите трендови и да ги споделат нивните искуства поврзани со развојот на веб и мобилните апликации.

DevCon е бренд под кој се одржуваат конференции „од ИТ-заедницата за ИТ-заедницата“, овозможувајќи им на локалните и меѓународните ИТ-професионалци да се вмрежуваат, дружат и да споделуваат знаења за најновите трендови во развојот на веб и мобилните апликации.



Годинава вкупно 7 говорници детално ќе зборуваат на различни теми, а покрај македонските презентери Бојан Божиновски, Марко Величковски, Стефан Јанев и Лазар Николов, ќе ги слушнеме и Венелина Јанакиева од Бугарија, Етрит Тахири од Косово и Раду Мицу од Обединетото Кралство.

Целосната агенда на настанот, како и повеќе информации за самата конференција, може да се прочитаат на официјалната веб-страница.

- Навистина сме среќни што по цели две години пауза повторно имаме можност да закажеме дружба во живо и заедно со колегите од земјава да споделиме знаења и искуства што ќе бидат применливи од следниот работен ден. Покрај квалитетната дискусија, еден од симболите на DevCon е и квалитетното неформално дружење, па со нетрпение го очекуваме овогодишниот настан – вели Петар Баковски, извршен директор во Мелон.

Не пропуштајте, 14 мај, сабота, во 9:00 часот, City Hall Скопје.

DevCon е меѓународна ИТ-конференција, а кај нас годинава е поддржана со организација од компаниите Melon и Frakton.



За Melon

Melon е компанија за развој на софтверски услуги основана во 2003 година со канцеларии во Софија, Велико Трново, Скопје и Приштина, со повеќе од 300 девелопери. Нашиот талент и експертиза покрива широк спектар за развој на веб и мобилни апликации, поддржани од оддели за DevOps, QA и UX/UI. Ние сме особено добри во градењето тимови од снаодливи и совесни програмери со свеж поглед, кои се потпираат еден на друг.

За Frakton

Основана во 2007 година, Frakton е компанија за развој на софтверски услуги со седиште во Приштина со силна репутација - и како работодавец и како давател на услуги за развој на веб и мобилни софтверски решенија за големи меѓународни компании.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот