X
 12.07.2023 Образование

Проект на МОН: Наставници и студенти ќе подучуваат основци кои имале потешкотии при следењето на наставата за време на пандемијата

Наставници и друг наставен кадар коj има искуство за работа со ученици кои имаат потешкотии за совладување на училишниот материјал, како и студенти од завршните години на студии на соодветни факултети ќе им помагаат на основците кои се соочиле со предизвици при следењето на наставата за време на пандемијата на ковид, а со цел пополнување на празнините во знаењето по предметите мајчин јазик и математика, за да се спречи на нивен одраз во понатамошните образовни нивоа, соопшти Министерството за образование и наука.

-Оваа активност е предвидена во рамки на Проектот за унапредување на основното образование на МОН и за истата се дискутираше на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Никица Мојсоска – Блажевски, експертка ангажирана за потребите на проектот. На средбата беа презентирани резултатите од направената анализа за потребата од воведување на оваа активност - стои во соопштението.

Во него се додава дека е предвидено програмата за помош и поддршка на учениците од основните училишта, кои поради пандемијата на ковид-19 не биле во можност или имале потешкотии да ја следат онлајн наставата или наставата со физичко присуство, по предметите мајчин јазик и математика да започне да се спроведува од учебната 2023/2024 година во три пилот-општини, по што ќе следи анализа на постигнатите резултати и потоа дефинирање на системско решение и имплементирање на национално ниво.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование