X
 13.08.2026 Живот

Олимписки скејтбордер изведе спектакуларен скок за време на затемнувањето на Сонцето

Шпанскиот олимписки скејтбордер Дани Леон изведе спектакуларен скок за време на затемнувањето на Сонцето. Тој прецизно го темпираше својот скок токму во моментот кога Месечината поминуваше пред Сонцето, создавајќи спепкатуларна сцена во која неговата силуета се најде пред затемнетиот сончев диск.

Дани Леон видеото од импресивниот подвиг го сподели на своите профили на социјалните мрежи, нарекувајќи го „потег на мојот живот“.

Видеото за брзо време се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции кај корисниците. Многумина беа воодушевени од прецизноста со која шпанскиот скејтбордер го усогласи својот скок со ретката астрономска глетка.

Извор: n1nfo.hr
Фото: Screenshot/Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот