X
 13.12.2020 Наша тема

„Една година без рак“, како училиштето ја убива креативноста, колку е опасно ниското ниво на Охридското Езеро? Ова се темите за кои пишувавме неделава

Кој е Кристијан Станковски, кој со моќни пораки напишани на картон ги мотивира луѓето на социјалните мрежи, дали училиштето ја убива креативноста и зошто да, што мислат Македонците за легализација на марихуаната, дали Охридското и Преспанското Езеро се соочуваат со катастрофа? Ова се текстовите што ги објавивме неделава.


Елизабета Секирарска

„Дали училиштето ја убива креативноста и зошто да? Дали ние, наставниците, умееме да го спречиме тоа и зошто не?“ е насловот на колумната од Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште. Таа опишува: Училиште на 21 век. Поттикнување, слобода на израз, елиминација на фактографското учење, создавање атмосфера на предизвик, учење преку работа, симулација на реални ситуации како противтежа на голтање дефиниции, влог во вештините за самостојно учење и повисоките нивоа на восприемање на содржините, доживотно учење кое ја втемелува креативноста, негување на иновативното размислување – ова се само дел од воспитно-образовните заложби за следење на современите текови на образовните системи, со кои сакаме да фатиме чекор и на кои сакаме да им се придружиме на брзата лента за учење според модерните стандарди. Многу време трае оваа интенција. Целата колумна прочитајте ја тука.



Иво Димитров, Никола Јангелов и Иван Мојсоски од Виница се членовите на групата „Саксакустикс“ и веќе три години ја негуваат македонската музика. Иако немаат авторски песни, тие велат дека настапуваат со македонска популарна забавна музика за да докажат дека имаме преубава музика која треба повеќе и почесто да се негува.



Треба ли да се легализира марихуаната? На прашањето дали консумацијата на марихуаната треба да биде легализиранa во Македонија, 71 отсто одговориле со „да“. Од 4.660 испитаници, 61 отсто имаат пробано марихуана. Многу луѓе силно би го поддржале предлогот за легализација на марихуаната. Сметаат дека легализирањето би донело многу бенефити од секаков аспект. Прво наведуваат дека им е потребна на многу лица за лекување и дека е неопходна во медицината, потоа дека би имала економски импакт врз државата, дека би привлекла туристи, би ја подобрила економијата. А трето - дека би ја намалила сивата економија и би се вовела контрола врз квалитетот на марихуаната.



Ни треба ли едукација пред легализација на марихуаната, би влијаела ли дозволата за употреба врз економијата? Многу луѓе го поддржуваат предлогот за легализација на марихуаната. Сметаат дека легализирањето би донело многу бенефити. Како најсилен адут за легализацијата на марихуаната го потенцираат и економскиот, покажаа резултатите од неколкудневната анонимна онлајн-анкета на Факултети.мк.

Кристијан Станковски

„Една година без рак“. Кој е Кристијан Станковски-Бомбакис, мотиваторот со позитивни мисли напишани на картон? Најголем број од нашите корисници на социјалната мрежа „Инстаграм“ барем еднаш го забележале момчето со темни очила и брада по прекар Бомбакис додека во рацете држи парче картон на кој со фломастер е напишана кратка порака. Наместо да пишува реферати под секоја фотографија, нешто што најчесто го прават сите на оваа социјална мрежа, тој со кратки креативни мисли напишани на парче картон се фотографира на разни локации низ главниот град, но и низ земјава. Неговите картони се полни со пораки од секојдневието, од актуелните настани и случувања, но и од многу животни ситуации...



Максималните количества врнежи во сливното подрачје на езерото се јавуваат во периодот ноември-декември, и тоа најчесто во форма на снежни врнежи, кога нивото на водата во езерото е вообичаено на својот минимум. Овие снежни врнежи остануваат во текот на зимата на околните планински подрачја и почнуваат да се топат и да го полнат езерото во текот на март-април, со што водното ниво на езерото ги достигнува вообичаените максимални вредности во периодот мај-јуни, објаснува Данчо Узунов, консултант во „ПоинтПро консалтинг“ и добар познавач на хидролошката состојба на природниот бисер на Македонија. Со него разговараме за причините за ниското ниво на водата во Охридското Езеро, повлекувањето на водата на Преспанското Езеро, за природната врска меѓу двата екосистема, што треба да се стори за да се спречи состојбата со која се соочуваат.

Мими Пехчевска

„Факти или секојдневие: Ќе научиме ли вистински да дебатираме и да се разбереме како луѓе?“ е насловот на текстот од д-р Мими Пехчевска, експерт за личен и организациски развој. Дебати на сите страни, се разговара мирно или се караме гласно, со или без факти, секој си верува во својата вистина. Во јавноста сечија перцепција е реалност. Секој си турка своја верзија од приказната како да е непобитен факт она што ќе го чуеме или видиме околу нас. И, секако, нема логика за сè да правиме детални истражувања, за тоа што е вистина, а што лага. Па дури и кога постојат истражувања со докажани научни факти, еднаш добиваме научна потврда, за подоцна истата да биде негирана. Во меѓувреме била откриена друга научна вистина базирана на нови докази. И тогаш се прашуваме - дали вистината е секогаш константна? Дали вистината всушност не е релативна?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема