Индонезија гори. Повеќе од 4.800 километри шума гори, и испушта јаглерод диоксид во изминатите неколку месеци повеќе отколку што испушта Германија во една година.
Ова најлошиот пожар која земјата го доживеала од 1997 година, годината во која 15.000 деца починале на 3 годишна возраст од загадувањето на воздухот. Повеќе од 500.000 инфекции на респираторниот тракт се пријавени од 1 јули, а населението од 43 милиони луѓе во Индонезија вдишуваат отровни гасови со месеци. Некои деца веќе починале од компликации, додека другите се евакуирани од земјата. Иако состојбата во земјата е повеќе од алармантна, сепак светот не обрнува доволно внимание, а факт е дека ова повеќе не е проблем само на Индонезија.
„Големи делови од Индонезија сега се во вонредна состојба повеќе од еден месец“, вели Д-р Ерик Меиџар, индонезиски вонреден професор на Универзитетот во Квинсленд. „Зошто ова не се врти постојано на телевизиските канали? Зошто не постои јасна порака: палиш - одиш во затвор?“
Ерик зборува за примитивните практики кои се случуваат во Индеонезија, кадешто луѓето редовно ги сечат дрвјата и ги горат деловите на шумите за да го расчистат земјиштето, за да го култивираат дрвото и палминото масло, ко се користи за се` - од кармин до маргарин и сапун. Додека некои луѓе огнот се обидуваат да го објаснат со појавата нречена „Еl Niño“ - временски тренд кој го носи дождот далеку од Индонезија. Другите луѓе, како Ерик, ја анализираат улогата на владата во тековната криза. Во потрагата по дрва, палмино масло и профит, тие предизвикале илјадници луѓе да се разболат и да страдаат.
„Шумите во Индонезија генерално не се лесно запаливи, па овие пожари се предизвикани од луѓето и од расчистувањето на земјиштето“, вели Сузан Минемејер, менаџер на податоци на организацијата „Global Forest Watch Fire“.
Целиот чад не доаѓа од живите растенија на Индонезија, туку од слоевите на тресет под нив. Ова прави проблемот да е уште поголем - пожарот гори со месеци додека ослободува 10 пати повеќе метан отколку нормалниот пожар. Во најтешко погодените области на Суматра и Калимантан, стандард индексот на загадувачот нивото на загадување го подигна на 2.000 (се` што е над 300 се смета за опасно).
Индонезискиот претседател Јоко Видодо не го игнорира целосно случајот, меѓутоа беше потребно доста време да помине за да проциркулира хаштагот #EvacuateUs за членовите на владата да започнат да одговараат. Од тогаш владата распореди 30 авиони и повеќе од 22.000 војници да се борат против пожарот, како и воени бродови за да ги одведат луѓето од најтешко погодените области.
Како што целата земја вдишува отровни гасови уште од летото, проблемот вреден 30 милјарди долари предизвика уште поголеми проблеми кај веќе слабата економија во Индонезија. Пожарите продолжуваат да беснеат. Така, останува прашањето: Зошто светот не реагира на ова и зошто нема доволно медиумска покриеност?