X
 16.06.2019 Живот

Рамноземјашите имаат нова бизарна теорија: Дрвјата повеќе не постојат!

Рамноземјашите имаат теорија што е толку забавна што не сме сигурни дали навистина веруваат во неа или се шегуваат со остатокот од светот.

Оваа заедница од луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна плоча, сега мислат дека и дрвјата воопшто не постојат, туку сето она што го гледаме и за кое мислиме дека се дрвја, всушност се грмушки. Тие се остатоци од гигантски прастари стебла што некогаш постоеле на Земја. Според нив, дрвјата од минатото биле високи 64 километри со крошни поголеми од три километри.

Авторот на оваа теорија е Лудун Руси, кој во 2016 година на „Јутјуб“ објавил видео во кое ја објаснува теоријата. Неговиот профил повеќе не постои, оригиналното видео е избришано, но сепак успеало да се прошири низ интернетот. Според него, пред неколку илјади години еден катастрофален настан избришал 99 отсто од биосферата на Земјата, а со тоа и вистинските шуми. Така, големите ридови и планини всушност се остатоци од огромни древни стебла, а за да ја докаже теоријата, тој ги покажал фотографиите од плнината Улуру во Австралија, Преминот на џинот во Северна Ирска и Ѓаволската кула во Вајоминг веднаш до фотографија со вистински трупец од дрво, прашувајќи ги гледачите дали ја забележуваат разликата. Бидејќи изгледаат исто, тие мора да се истото, бидејќи единствената разлика е материјалот и големината. (Материјалот и големината секако дека се важни фундаментални разлики за диференцирање на предметите).

Покрај тоа, овој човек сериозно тврди дека сите камења на Земјата всушност не се камења туку урнатини што останале откако мистичните древни дрвја биле уништени. Него не му е важен ниту фактот дека дрвјата се жива органска материја направена од јаглерод, додека камењата се неоргански направени од минерали.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот