X
 12.02.2017 Култура

Њу вејв

Може да се рече дека во втората половина од 80-тите почнавме секоја вечер да излегуваме по кафичите во Скопје, кои од ден на ден се отвораа како печурки. Али секое друштво си имаше база.

Една вечер после получасовно дотерување пред огледало, искочив и отидов да го викнам другар ми.

- Ајде - му свирев под прозорец на Нино кој никако да дојде на време.
- Еве ме идам - викна од прозорецот на шести кат во градски ѕид.

Запалив цигара и размислував за концертот што не ми излегуваше од глава веќе неколку години. Доријан греј од Загреб свиреа во МКЦ (тогашен 25ти Мај) и тоа беше моето прво соочување со таа нова музика и нов звук наречен њу вејв. Бев седмо кога беше концертот и јасно дека не знаев што тоа точно значи. Искрено, не се сеќавам многу ни на музиката, но постерот за концертот е нешто што тешко се заборава. Нешто што потсетува на Ворхол.



После 10-15 минути се симиња Нино, и одиме накај кафичот, зад гимназијата Јосип Броз у Центар.

- Кај си бе?
- Еве?
- Ај идеме... Има некој таму? Што ќе праиме?
- Има има... Шанкер и конобар... Кој да има вторник - му велам

Идејќи накај кафичот почињаме неврзан муабет, јасно дека е за музика.

- Само што го преслушав „Регата д бланк“ од Полис - вели Нино.
- Сум го слушал - му велам јас.
- Ама не знаеш, не си слушнал такви тапани, прелази, тимпани... Лудило... Полудев... Уште ме држи.
- Добро, добро... Нема боље од тоа.

Покрај англиските групи, тоа беше време кога домашната музика се слушаше на исто ниво со странската, велеше Влада Дивљан.
Стигаме до кафичот и од врата се слуша „Стој Џони“ од Партибрејкерс. Влагаме, кога тамо цела банда. Сите искочиле вечерта. Мике, Ваљо, Зелкар, Чифте, Борис со девојка му Маја, Калин и Славен, женските од маало и неколку дечки и женски од шемата.
- Мике, кај си брат! - му викам.
- Абе шо ве вртам.... Слушам Партибрејкер и нејќам да знам ништо за овој Хрватов овде и неговите Прљаво казалиште, хахаха - одговара Мике.
- Ехеее младичу, кога свиреа Казалиште овие уште беа у градинка - вика Ваљо - а тек Параф и Панкрти. Не можете вие Србите со Риека и Љубљана. Касните брат, касните.
- Хахаха - се смеам - дур се појавија Идоли во Белград многу вода протече низ Дунав!

Идам на другата маса, а тамо Зелкар намрштен не се ни поздравува.

- Кај си бе Егегец! - вика Чифте
- Еве, шо праите?
- Ништо, немаме пари за пијачка па ќе бегаме накај дома... Овде и така нема никој.
- Се глеаме, поздрав!
- Поздрав!

На третата маса Калин убеден во Дуран Дуран и Лаки пингвини, залижан во косата со целата плата од мајка му, ме убедува дека „као птица на мом длану“ од Пилоти е негова песна и сега ќе ѝ ја отпее на една од девојките од шемата, со која се шмека веќе пола саат.
„Тешко дека ќе му упали“. - си мислам и додавам - Славен, што ќе праиме со будалиов?
- Зашо бе, што? - го брани.
- Па запнал сите него да го сакаат... Не може да издржи еден ден да олабаи.
- Пушти го бе Егеец, го знаеш каков е.

- Го знам - кратко го сечам и продолжувам.

Борис и Маја, малку се досадуваат на масата и едвај дочекаа некој здраво да им каже.

- Кај сте бе банда? - ги прашувам.
- Еееее, фала богу некој нормален... А, кажи а... Како звучат Партибрејкерс? - вика Борис.
- Звучат - одговарам - и тоа како звучат. Него кажи ми, Која им е продуцент, нели?
- Нормално, брат... Само Дисциплина може да препознае вака добра група. Никој друг.
- А Милан или ВД? - прашувам.
- Милан и ВД си продолжија со Катарина, али ВД изгледа не е нешто добар со здравјето. Милан е најбољи музичар, ама и ВД и Која не се помалку. Тоа е Шарло брат, тоа е!
- Јеботе, ги ставаш Шарло у њу вејв или у џез?
- Ма њу вејв, каков џез какви бакрачи. Све е тоа њу вејв. Не е како она срање од претходно.
- Идоли се најдобри, хахаха! - дофрли Маја.
- А Азра? Кој е сега главен, јеботе? Белград или Загреб, а можда и Скопје ако зееме дека Џони е наш? - го закачам.
- Еј, немој ти мене за Азра - се пали Борис после неколку пијачки. - Знаеш брат, ја сум израснал на Азра, сите песни ги знам, сите акорди и рифови.
- Знам дека ги знаеш, знам. Не паѓај у несвест, малце да видиш дека некогаш нема одговор.

Продолжив поздравувајќи се со сите во кафичот. „Кај си, Егеец“ - ми довикуваа од ќошето. Поздравувајќи се со сите и наздравувајќи со Анета и другарка ѝ ѝ ја запеавме гласно „Ми плешемо“ (лала ла ла) од Казилиште која ди џејот веќе ја беше пуштил.

Забавата продолжи во следните десетина години.

Пишува: Мирко Тодоровски

Колумната намерно не е лекторирана :)

Сите колумни на Мирко на овој линк

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
Подготвил: Мирко Тодоровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура