„Никогаш не ги делам учениците на Ромчиња и Македончиња, тие се мои деца“ , вели наставничката Наташа Тодоровска, која со години посветено работи против сегрегацијата во образованието
Училиштето „Ѓорги Сугарев“ во Битола е мој втор дом - вели Наташа Тодоровска, одделенски наставник и наставник-ментор, која 28 години предава во училиштето каде што претежно се запишуваат дечиња Роми. Со години се бори што поголем број Ромчиња да седнат во школските клупи, а истовремено и против сегрегацијата, нивно издвојување во чисто ромски одделенија, зашто учениците од другите националности заминуваат во други училишта. Тодоровска е наставник на единствата паралелка во прво одделение каде што покрај Ромчиња учат и Македончиња.
„Нашите ученици рамо до рамо со врсниците од светот“: Средношколци од Крива Паланка учествуваа на Светската гимназијада во Бахреин
Државните прваци од женскиот кошаркарски тим во баскет, 3х3 од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка и пингпонгарот Александар Јакимовски учествуваа на Светската гимназијада во Манама, Бахреин, под менторство на професорот по спорт и спортски активности Ведран Белешковски.
Тара Мојсовска е автор и коавтор на стручни трудови објавени во научни списанија, учесник на повеќе стручни настани во земјава и во странство, а годинава и на конгресот на SOHO (Здружение за хематоонкологија) во Хјустон, Тексас - САД, во организација на MD Anderson, болницата која е број еден во светот од областа на истражувањето и третманот на малигните болести