Во 17 и 18 век, ерата на просветителството или раната модерност, Европејците го обиколувале светот и се враќале дома со приказни за суштествата, дивјаците и чудовиштата што ги среќавале. Не можејќи да најдат смисла во туѓите јазици и култури, тие погрешно интерпретирале сè што ќе виделе.
Во меѓувреме,
бубонската чума ја зафатила Европа. Докторите ги предупредувале луѓето во градовите и селата облечени во костими од кожа од глава до петици, носеле големи кристални очила и маска на главата со долга муцка или клун, во кој имало ароматични зачини (нане, каранфилче, миро), сушено цвеќе (роза или каранфил) и сунѓерче натопено во оцет.
Освен тоа, овие доктори носеле и стапче со кое им давале упатства на домаќинствата погодени од болеста, а го користеле и за да се одбранат од пациентите.
Иако костимот изгледа прилично бизарно, не бил бескорисен. Наметката до глуждовите и клунот полн со тревки нуделе заштита од бактерии, особено затоа што растенијата се палеле и тлееле, испуштајќи чад од лицето на докторот. Појавата на доктор со ваков костим на прагот на едно домаќинство можела да значи дека смртта е блиску.
Ваквиот костим бил измислен од францускиот лекар Шарл де Лорм во 1619 година.
Де Лорм сметал дека формата на клунот на маската ќе му даде на воздухот доволно време да биде придушен од заштитните билки пред чумата да стигне до носот и белите дробови на лекарите.
- Костимот на лекарите за чума станал главен дел од италијанската комедија и карневалските прослави - вели Ерин Блакемор од „Нешнл џиографик“.
Исто така, клунот симболично пренесувал важен факт за лекарите за чума: тие не биле исцелители, туку главно сведоци на смртта. Мал дел од нивните лекови имале ефект. Наместо лекување, тие честопати воделе демографски податоци, биле сведоци за тестаменти и извршувале обдукции. На некој начин биле непознати луѓе кои ги набљудувале обичаите на населението кое умирало, појавувајќи се во она што било познато како „костим на смртта“.
Извор:
Open Culture