„Од каде му е на човекот мислата за потребата на хармонијата, гревот и казната? Самата можност за постоење на такви мисли е во непомирлива спротивност со начинот на кој луѓето доаѓаат на свет, живеат во него и си одат од него. Од каде? Не наоѓам одговор. Изгледа дека човекот стана првата жртва на играта што ја измислил сам, а за која не е создаден или не е дораснат.
Мислата за човечката вина, самиот факт дека може да постои таква мисла, ја исклучува секоја можност за целосна среќа и траен мир во животот на човекот. Оваа мисла морала да се појави некаде, во одреден степен од човечкиот развој, како катастрофална внатрешна експлозија или почеток на бавно, но смртоносно труење на нашето човечко битие.
Мислата за постоење на вината се вселува во човекот како болест, како лудило. Бидејќи можноста за постоење на вина кај човекот ја претпоставува друг човек, голем, моќен, слободен, а тој тоа не е, и поради тоа му е тешко. Оваа мисла е како казна, и тоа страшна, поради гревот што не го направивме, бидејќи не сме способни да го извршиме.
Страдање врз основа на заблуда и тажно недоразбирање“.
Од: „Знаци покрај патот“, Светлост, Сараево, 1986 година.