Дали ви се случило да чувствувате умор од премногу размислување? Не си замислувате, научниците откриле доказ за постоењето на оваа состојба.
Ново истражување покажува дека долгата интензивна когнитивна активност доведува до собирање на токсични супстанци во мозокот кои влијаат на когнитивните способности и доведуваат до умор.
Според Матиас Песилионе од Универзитетот „Питие-Салпетриер“ во Париз, откритието покажува дека когнитивната работа доведува до функционални промени во мозокот, а уморот е сигнал дека треба да се направи пауза за да се зачува функционалноста на мозокот.
Во истражувањето, научниците забележале знаци на умор кај групата испитаници кои имале тешки ментални задачи.
Според научниците, најдоброто решение во случај на умор од когнитивна работа е одмор и сон.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay