„Гугл мапс“ веќе многу пати се покажа како исклучително корисен. Од информации за метеж на патишта, работа на пат, сообраќајни несреќи, до информации за земјотреси, поплави и шумски пожари.
Иако оваа опција е одамна достапна во САД, „Гугл“ сега ја направи достапна и во Хрватска – нешто што ќе биде од голема корист и за туристите и за домашното население. Така, на мапата може многу лесно да се види каде има активни пожари, но и да се добијат основни информации за нив, како што се затворени патишта и погодената област.
„Гугл“ ги собира овие податоци од сателити, што значи дека помалите пожари нема да бидат видливи на картата. Добиваат податоци и од други извори, како што се разни агенции, метеоролошки сателити и слично.
- За да генерираме предупредувања за пожар, применуваме модел за длабоко учење за да го следиме степенот на пожари од сателитски снимки во реално време. Моделот се заснова на спојување на слики со суперрезолуција на хиперспектрални слики од сателити од трети страни - истакнале од „Гугл“.
Исто така, важно е да се напомене дека „Гугл“ наведува кога последен пат е ажурирана мапата и дека корисниците треба да контактираат со локални извори за точни информации, но и дека нема да прикажува пожари кои зафатиле помалку од пет хектари.
Ваквите информации се многу корисни за туристите, но и за локалните жители кои можат да планираат кои патишта да ги користат доколку главните патишта се затворени. Особено ако се работи за пожар од големи размери.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik