X
 05.09.2018 Живот

Пропаста на една земја: Луѓето масовно бегаат, Латинска Америка бара решение за егзодусот

Претставници на тринаесет латинскоамерикански земји се состанаа во Кито за да ја договорат заедничката политика во врска со досега најголемата мигрантска криза во тој регион, откако жителите на Венецуела започнаа да ја напуштаат земјата.

Латинскоамериканските земји, од кои милиони жители отишле во САД или во Европа во потрага по работа или бегајќи од насилството, сега се соочени со миграција од незапаметени размери.

На дводневниот состанок, кој почнал во понеделникот, се собрале високи функционери одговорни за подрачјето на миграцијата и конзуларни работи за да се договорат за заеднички мерки и да се справат со масовното иселување од Венецуела.

латинска америк

На иницијатива на Екватор, се собрале претставници од Аргентина, Боливија, Бразил, Колумбија, Костарика, Чиле, Мексико, Панама, Парагвај, Перу, Доминиканската Република и Уругвај.

На состанокот не учествуваше Венецуела - која е сѐ поизолирана поради политиката на претседателот Николас Мадуро и поради кршењето на човековите права, на што предупредуваат неговите противници, но и Организацијата на американските држави.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, ги обвини официјалните лица на ОН дека нивните податоци за бројот на мигранти од Венецуела се претерани за да се оправда „меѓународната интервенција“. Таа ги осуди и земјите од регионот, а посебно Колумбија обвинувајќи ја дека ја користи Венецуела за да „живее“ од хуманитарна помош. - Тие се профитери - изјави таа на конференцијата за новинарите.

На почетокот на состанокот, еквадорскиот заменик-министер за надворешни работи Андрес Теран изјави дека е важно да се донесат предлози за да се пронајде решение за ситуацијата во која се нашле стотици илјади Венецуелци кои во неговата земја, од различни причини, немаат статус на мигранти.

Овие луѓе се изложени на шверц на мигранти, експлоатација, изнудување, насилство, сексуална злоупотреба, вовлекување во нелегални активности, дискриминација и ксенофобија, додава тој.

Предлозите за кои се дискутира одат од укинување на ограничувањата до основање заеднички фонд на иницијатива на ОН, како што предложи Колумбија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот