Мобингот може да влијае негативно на емотивната и психофизичката состојба на жртвата, но и на односите помеѓу вработените.
Како да препознаете мобинг?
Мобингот се искажува преку специфични однесувања на работодавачот или останатите вработени: одбивање на комуникација, комуникација со закани, навреди, мимики и прекинување во зборувањето. Мобингот може да значи ширење невистински приказни за вработениот и вознемирување по пат на сретства за комуникација.
Потоа, мобингот значи и неоправдано критикување на работата на вработениот или давање невозможни и понижувачки задачи. Тука се вклучени и несоодветни коментари и постапувања од сексуална природа и уцени.
Како да разликувате мобинг и кршење на други работни права?
Се работи во мотивацијата на оној кој се однесува незаконски. Доколку постои прекршување на права за намерно вознемирување на вработениот, принудување на однесување кое не одговра на работата на која вработениот прифатил и загрозување на вработувањето со уценување, станува збор за мобинг.
Што да сторите кога сте во таква ситуација?
Може да се обратите во
Министерството за труд и социјална политика во земјата, односно да испратите жалба. Жртвата може да ги добие своите права и на суд.
Доколку вработениот се одлучи за суд, потребни се докази како документи во кои се поттикнува таквото однесување, пишана комуникација (смс, мејлови, записници, снимки), изјави на сведоци, медицинска документација и слично.