Доколку имате профил на „Фејсбук“ веројатно сте биле во ситуација кога сте добиле понуда за пријателство од личност за која никогаш не сте слушнале, ви испраќале пораки кои не ви биле јасни или од вас барале некои податоци или услуги.
Компанијата неодамна објави информација дека има 1,65 милијарди корисници. Од оваа бројка, лажни профили се од 5,5 до 11,2%. Се` уште не може да се спречи отворањето на лажни профили, но вие може да се заштитите од нив. Поголемиот дел од нив се направени за да се шират вируси низ мрежата, а постојат неколку начини како може да проверите дали нечиј профил е лажен.
Проверете ја фотографијата
Првата работа што може да ја направите е да ја проверите фотографијата. Преземете ја профилната фотографија од профилот за кој мислите дека е лажен, отворете го „Google“ и притиснете на „images“ во горниот десен агол. Кога ќе се отвори нова страница, притиснете на иконата од фотоапарат во десниот дел. Тука внесете ја фотографијата и ќе го добиете изворот на таа фотографија, односно ќе видите дали е преземена од друга страница.
Број на фотографии
Најголемиот број лажни профили имаат само една фотографија. Истражувањата покажале дека дури две третини од лажните профили имаат малку слики.
Проверете го ѕидот
Кога ќе посетите лажен профил, ѕидот често нема никаква содржина или на него се само информациите за насловната или профилна фотографија.
Повеќето лажни профили се женски
Истражувањата покажале дека повеќето профили кои постојат на „Фејсбук“ се женски, често со провокативна фотографија или украдено име.
Проверете ги пријателите
Во случај профилот кој ве додал за пријател нема ниту една заедничка страна со вас, веројатно се работи за лажен профил. Проверете кои ви се заеднички пријатели, групи или фан-страници.